(ВИДЕО) Арсовски: СДСМ на изборите оди со стари и истрошени кадри

Од:

„СДСМ на изборите оди со истрошени и очајни кадри. Има ли поголеми истрошени и поочајни кадри од Зоран Заев и Радмила Шекеринска кои се синоним за најголеми историски изборни порази кои им ги нанеле на СДСМ како политичка партија.

Зоран Заев во 2014-та година како Претседател на партија, а Радмила Шекеринска како заменик и во 2008-та година Радмила Шекеринска како Претседател, а Зоран Заев исто како потпретседател ги нанижаа најголемите историски изборни порази на СДСМ.

Овој двоец Заев – Шекеринска покрај синонимот за најголеми порази во СДСМ е синоним и за криминал и корупција“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев бега од ТВ соочување со лидерот Мицкоски, а бега и од одговор на прашањето кое ги интересира граѓаните: Дали сега кога ќе изгуби на изборите ќе си даде оставка и ќе си замине конечно од политичката сцена?

Дали Зоран Заев после поразот за кои ќе бидат директно заслужни лично тој и Радмила Шекеринска ќе си даде оставка и ќе ги ослободи и граѓаните и партијата и државата од неговото заложништво?

Зоран Заев се плаши и е исплашен со право, бидејќи знае дека ќе изгуби на претстојните избори на 12-ти април. Кукавичкиот однос каде што не одговара на вакви прашања коишто ја интересираат јавноста и граѓаните и неговите членови од партијата коишто сакаат да си замине, е веќе одамна познат.

Одбивноста да сноси одговорност е затоа што е свесен дека после 12-ти април ќе мора да одговара за сите криминални и коруптивни афери.

СДСМ очигледно не се менува и настапува со стари и компромитирани кадри.

Заев и Шекеринска се последните остатоци од криминалната транзиција кои убедливо ќе бидат поразени сега на претстојните избори на 12-ти април.

Гласот за Заев, гласот за Радмила Шекеринска е глас за криминалот и затоа Зоран Заев сега кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката и да одговара за се што направил“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски