Мицкоски и Николовски на средба со унгарскиот премиер Орбан

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски во Будимпешта остварија средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

На средбата е разговарано за актуелната политичка состојба, европските перспективи на државата и начините за понатамошна соработка.

Мицкоски го информираше премиерот Орбан за загрижувачката економска и политичка состојба, како и високиот степен на криминализираност на општеството која поминува неказнето и со отсуство на волја на македонската Влада да влезе во отворена битка против корупцијата.

Воедно, Мицкоски на средбата посочи дека нема друг таков пример каков што е случајот со Заев каде премиерот се фали со остварено влијание и диктирањето на одлуки на Врховниот суд и обвинителството и без притоа да има било каков правен епилог, ниту разрешница за ваквиот скандал.

Со оглед на фактот што актуелниот комесар за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархелиј доаѓа токму од партијата на Орбан, главна тема на разговорот било инсистирањето и лобирањето на Мицкоски, Македонија да добие датум за преговори со ЕУ.И

Исто така, Мицкоски побара од Орбан да се заложи во убедувањето на другите шефови на влади на земјите членки на Унијата да и овозможат на Македонија датум за отпочнување на преговорите.

На средбата Мицкоски истакна дека тој  лобира за датум за преговори, а по датумот ветува
силен капацитет на спроведување на реформи кои ќе ја остварат европската перспектива на државата.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ за време на еднодневната посета на Унгарија изрази подготвеност за продлабочена соработка и развој на меѓусебните односи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Колева: ДПМНЕ лаже, да беа чесни нема да создаваа паника и хистерија кај граѓаните

A1on

Мицкоски – Сијарто: Македонија е предолго надвор од ЕУ

Шутаров: ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БТР немаше денеска да зборуваме за катализма на ЈСП и јавниот превоз

А1он

Мицкоски: За скандалот со Онкологија треба да има и кривична, но и политичка одговорност затоа што не се постапувало најмалку 6 месеци и се дозволило да се губат човечки животи

Искршен автомобилот на Митева од ВМРО-ДПМНЕ

А1он