А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

МНР: Препорачуваме граѓаните да не патуваат во Северна Италија

by А1он08/03/2020 - 18:2808/03/2020 - 21:08505
Share0

Министерството за надворешни работи им препорача на граѓаните да не патуваат во Cеверна Италија.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Согласно информациите добиени од Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Венеција – Италија, заради сериозноста на состојбата со COVID-19 во земјата, препорачуваме нашите граѓани да не патуваат во следниве региони и провинции: Ломбардија, Модена, Парма, Пјаченца, Реџио Емилија, Римини, Пезаро, Урбино, Алесандрија, Асти, Новара, Вербано Кусио Осола, Верчели, Падова, Тревизо и Венеција. Исто така препорачуваме да избегуваат непотребни патувања во останатите делови на Италија“, порачуваат од МНР.

За оние граѓани кои веќе се наоѓаат во Италија, МНР апелира на зголемени мерки на претпазливост во секое време, да се следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти. Повеќе информации може да се добијат на travel.mfa.gov.mk.

Генералниот конзулат во Венеција, следејќи ја праксата на другите европски дипломатско конзуларни претставништва во истиот регион како и заради понатамошна превенција од ширење на COVID-19, во следниов период нема да работи со странки, освен во итни и неодложни ситуации.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во таа насока, велат од МНР, се одложува фотографирање на нашите граѓани за нови патни исправи.

„За подетални информации околу развојот на состојбите, македонските граѓани кои се наоѓаат во Италија, можат да го контактираат нашиот Генерален конзулат во Венеција на + 39 389 5837913 или [email protected]“, додава Министерството преку соопштение.

italijakoronavirusmnr

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мелони со војска го брани Милано од демонстрантите

Катерина Ѓуровски20/10/2026 - 08:1120/10/2026 - 10:52

ВИДЕО: Не можете да ги палите градовите – Мелони по нередите во Милано

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 09:0919/10/2026 - 12:33

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ

Горан Наумовски13/10/2026 - 21:03

МНР реагира за Михаилова: Владеењето на правото не смее да биде селективно

Горан Наумовски12/10/2026 - 14:0112/10/2026 - 15:19

Од денеска, забрана за бурка и никаб сите италијански училишта

Катерина Ѓуровски01/10/2026 - 09:0401/10/2026 - 09:05

Македонец повреден при работа во Италија, пренесен со хеликоптер во болница

Катерина Ѓуровски19/09/2026 - 12:1919/09/2026 - 12:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео