А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку побргу се повлече Заев од политиката толку подобро за Македонија

by А1он08/03/2020 - 09:20589
Share0

„Политичката кариера на Зоран Заев е завршена. Бегањето од дебати и одбивањето да одговори дали мирно ќе се повлече по изборниот пораз е доказ дека Македонија не е приоритет на единствениот аболициран политичар во Европа. Прв приоритет на Заев е личното богатење, а не демократските вредности во европска Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Колку побргу се повлече Заев од политиката толку подобро за Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите ја гледаат паниката која владее на Бихаќка. На Зоран Заев му е јасно дека досега е три пати аболициран, а тоа е последен пат некој да го спаси од одговорност за криминал. Знае дека после 12-ти април конечно ќе треба да одговара за сторениот криминал. Најпрво ќе му пресуди народот кој ќе му ја одземе власта, а потоа ќе му пресуди и ослободениот правосуден систем во Република Македонија.

Свесни сме и за стравот на неговите соработници кои што заедно со него беа дел од злосторничкото здружување, дел од криминално рекетарската банда која ја нарекуваа Влада.

Следете a1on на Youtube YouTube

Повеќе од јасен е и неговиот страв од дебата, откако на претходната дебата целата македонска јавност ја увиде неговата неспособност и некомпетентност да раководи со месна заедница, а не па држава.

12-ти април е се поблиску, укажувачите се погласни и побројни, а стравот се поголем. Нема ден, а јавноста да не дознае за некој нов криминал на Заев и неговата криминална банда.

На аболицираниот Заев нема да му помогне ниту политичкиот прогон, ниту затворањето на новинари. Не помагаат ниту притисоците, уцените и заканите. никој повеќе не се плаши од човекот со свиткана кичма.

Русковска и Јовевски нема да бидат тука вечно да го штитат аболицираниот Заев и неговата банда криминалци. нивните криминали се отворени како пупка во македонската јавност.

Гласот за Заев е глас за криминалот. Да не дозволиме поддршка за криминалот. Да не дозволиме да украдат уште 4 години од нашите животи.

Обновата доаѓа. Заев никогаш повеќе“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео