Георгиевски: Автобиографијата e исправка на фалсификуваната историја

Од:

Првата автобиографија, насловена „Тоа сум јас“, на Љубчо Георгиевски денеска ја претстави како израз на политичка култура, но и своевидна исправка на фалсификувањето на историските факти кои според него се случуваат во последниве години.

Георгиевски кажа дека многумина кои и не ги знае, сега се појавуваат како основачи на ВМРО-ДПМНЕ.

„Последниве неколку години се оддржуваат јубилеи, се снимаат документарни програми, во кои гледаат лажни херои, серии на книги се издаваат во кои некои личности даваат автобиографии иако не биле никаде кога се основала ВМРО-ДПМНЕ. Се намножија основачите на ВМРО-ДПМНЕ како печурки после дожд, иако не знаеме каде биле тогаш.

Токму тоа беше идејата да се направи книгата, формирањето на ВМРО-ДПМНЕ и токму тоа ќе ги заболи најмногу, рече Љубчо Георгиевски.

Во книгата се опфатени детството на Георгивски, почетоците на политичката кариера но и сето она што се случуваше додека беше на власт.


Георгиевски во книгата пишува и за разидувањето со Борис Змејковски. Кажува дека морал да избира меѓу него и Доста Димовска, по што се одлучил за Димовска.

„Но Змејковски не беше избришан во ниеден момент од исотријата на ВМРО-ДПМНЕ, дури и членските книшки потпишани од него не се менуваат во слдните 3 години. Змејковски после тоа немаше никаков проблем, ни со бизнисот негов, ни со ништо“, посочи Георгиевски, како пример дека ја практикувал демократијата што сега ја нема.

„Филип Петровски е толку минорна личност во кадровската политика на ВМРО-ДПМНЕ, исто колку и 300 како него што дојдоа и заминаа од партијата. Георгиевски рече дека Петровски го уценувал, во времето кога ВМРО-ДПМНЕ изгубила 6 пратеници, освен неколкумина кои барале пари да останат, и Петровски бил меѓу уценувачите за негови бизниси и интереси.

„На Филип Петровски му ја ислишавме желбата да биде конзул во Њујорк, а тоа што го пративме а не беше претепан или нешти друго зборува за демократија што се практилуваше“, рече Георгиевски.

Тој во книгата се осврнува и на изборот на Никола Груевски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Кажа дека не вршел притисок ама лобирал да победи Груевски

„Да беше слободен изборот, Марјан Ѓорчев ќе го растуреше Никола Груевски“, рече Георгиевски.

Со тоа што тој ја врати ВМРО-ДПМНЕ на власт мојата визија беше успешна, рече Георгиевски. Спред него, тогаш Силвана Бонева била за Ѓорчев, а Филип Петровски не можел да смисли Никога Груевски да му биде претседател на партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска