ВМРО-ДПМНЕ: Бегството од дуели е неодговорност кон граѓаните и нема да ја спаси политичката кариера на Заев по 12 април

Од:

„Зоран Заев е во очај. Зоран Заев e во паника од пораз и затоа ги злоупотребува институциите за ширење на лаги. Зоран Заев е истрошен политичар. Заев и СДСМ се исплашени и затоа пласираат лажни вести, само да го ублажат престојниот пораз.

Криминалецот Заев за да не се дознае вистината дека токму тој е главата на октоподот кој стои зад Рекет, посегна по новинарската слобода и осуди критички настроен новинар за пишување информации од јавен интерес.

Со власта на СДСМ и Зоран Заев, Македонија е заробена држава, хибриден режим“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев ја има целосната контрола врз „Луј Витон“ правосудство кое што во моментот ги извршува неговите наредби.

Заев е свесен дека рејтингот му е во слободен пад и затоа избегнува лидерско соочување со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски. На секое соочување, јавноста има прилика да види колку е Заев инфериорен или пак да чуе некоја негова нова лага.

Доволно граѓаните се заложници на лудоста, криминалот, лицемерието, лагите и коруптивноста на Зоран Заев и неговата криминогена фамилија.

На Зоран Заев по 12-ти април му следува крај на политичката кариера поради криминалните тендери на неговото семејство и на функционерите од СДСМ, рекетот како главен проект на оваа влада на СДСМ изминативе 3 години, растечката корупција, фијаското во економијата, образованието, здравството, земјоделството.

Претстојните избори Зоран Заев треба да си замине од политиката и политичката сцена. Затоа треба да одговори дали сега кога ќе изгуби на изборите ќе си даде оставка и ќе замине од политиката засекогаш. Веднаш потоа ќе одговара за се она што направил.

Изборот е едноставен и убедени сме граѓаните дека ќе извојуваат голема победа заедно со ВМРО-ДПМНЕ над политичкото цунами наречено Заев кое е поразително за иднината на нашата држава Република Македонија.

На 12-ти април следува крај на мафијата на Зоран Заев и СДСМ и следува обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните на 12-ти април јасно и недвосмислено ќе кажат, ЗАЕВ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО