ВМРО-ДПМНЕ: Ќе обезбедиме најмалку еден универзитет да се рангира меѓу првите 1.000 на Шангајската листа

Од:

„Три години откако е СДСМ на власт, Македонија стагнира во секое поле. За три години СДСМ не вложи денар ниту во образованието и културата. Во Македонија културата стана предмет на политичка трговија, програми и пари кои се делат, не по квалитет туку по бизнис и политички мотиви.

Образованието веќе три години не е во фокусот на оваа криминална влада.

По 12-ти април потребно е воспоставување на концепт на обнова која ќе донесе коренити реформи, квалитет и мотивација во образованието и културата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе овозможи најмалку еден Универзитет да биде во првите 1.000 според Шангајската листа за квалитет. Денес нема Универзитет од Македонија кој е меѓу 1.000 најдобри во светот. Македонија не постои на мапата за квалитет во високото образование.

ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го овозможи со најмалку еден универзитет кој според својот квалитет ќе се рангира на Шангајската листа. Македонија да стане извозник на наука, извозник на знаење.

По 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира својата влада ќе донесе обнова на државата врз основа на реални мерки“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски