Панорамата е составена од повеќе од 1.000 фотографии направени за време на Денот на благодарноста минатата година и има 1,8 милијарди пиксели, пренесува НАСА.
За снимање на панорамата се користела камерата Mastcam.
Панорамата го прикажува Глен Торидон, област што роверот Curiosity со години ја истражува. Фотографиите се снимени на 24 ноември и на 1 декември.
Curiosity е роверот на НАСА кој што успешно слета на Марс на 6 август 2012 година, и ја започна својата прва, првично замислена како двегодишна истражувачка мисија за која сè уште не е познато кога ќе заврши.