Пендаровски-Соботка: Безрезервна австриска поддршка за европската перспектива на земјава

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Националниот совет на Парламентот на Република Австрија, Волфганг Соботка..

Во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски се вели дека на оваа средбата биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Австрија, при што било оценето дека двете држави негуваат одлични билатерални односи во повеќе сфери од заеднички интерес.

Претседателот Пендаровски изразил очекување за натамошно интензивирање на соработката меѓу парламентите на двете држави, како важен аспект во јакнењето на меѓудржавната соработка.

Исто така на средбата претседателот Пендаровски ја истакнал важноста на силната, безрезервна и принципиелна австриска поддршка за европската перспектива на Северна Македонија и на регионот.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски изрази очекување дека наскоро, по донесувањето на новата методологија за водење на пристапни преговори, ќе биде одреден датум за почетокот на пристапните преговори за членство во Унијата, што е во интерес на стабилноста на регионот и на Европската Унија.

Претседателот Пендаровски и претседателот на Националниот совет на австрискиот парламент, Соботка,  размениле мислења и информации и за актуелните состојби во регионот, како и за предизвиците што произлегуваат од нелегалната миграција.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник