(ВИДЕО) Арсовски: Исплашен да не се дознае целата вистина за „Рекет“, Заев посегна по новинарската слобода

Од:

„Зоран Заев е очаен, истрошен и политичар во заминување. Тоа се гледа и по последните негови чекори каде што смени став за имињата на училиштата за само 24 часа, како и неговата нервоза каде неговото трас трас судство осуди новинар на медиум кој што е критички настроен кон него за пишување на вистината во врска со случајот „Рекет“.

Очајот, стравот и паниката на Заев, каде што пред 2 дена незаконитоста на менувањето на имињата на училиштата во Чаир, по само 1 ден стана законска.

Затоа еве прашуваме кога Заев лажеше? Кога рече дека е незаконита промената на имињата или пак кога рече дека е законска?

Како и да е, Заев секако лаже“, вели Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додворувајќи се на електоратот, го смени ставот и тоа се со цел само да обезбеди од одредена група гласачи поддршка и да ги покрие сите скандали на корупција, криминал и се останато што се случува во изминативе три години за оваа негова Влада предводена од него како најкорумпиран политичар.

Заев вчера уште еднаш беше поразен. Неговото трас трас судство донесе пресуда за новинар кој ја пиша вистината за случајот „Рекет“ и тоа е еден оггромен пораз за слободата на медиумите во Република Македонија.

Исплашен да не се дознае целата вистина за случајот „Рекет“, каде што сите знаат кој е главата на криминалниот октопод, тој посегна по новинарската слобода, посегна по слободата на говорот на еден медиум и новинар кој се критички настроени против него и неговите криминалии, како и криминалиите на неговата Влада. Заев со ова сакаше преку Русковска и Кацарска правосудството, односно Луј Витон правосудството да го замолчи и да прекине со трагање по вистината за случајот „Рекет“ новинарот Александар Митовски.

Заев и спрегата во судската власт сакаат да ги замолчат медиумите кои се критички настроени кон власта, кои секојдневно ги критикуваат нивните лоши политики. Истото го прават и со притисоците врз останатите критички настроени медиуми на секој можен начин користејќи ги институциите кои се под нивните канџи.

Она што е важно, е дека никој, па ни Заев нема да може да ја замолчи новинарската фела да пишува за неговите криминалии.

Слободно, може да продолжи, да се заканува, да уценува, да заплашува, да суди, да тортурира и тероризира новинари и медиуми, но верувајте дека Заев нема да избега од судот на граѓаните кој му следи на 12-ти април, а дури потоа ќе одговара и тој самиот и сите околу него за она се што направиле криминал изминативе години“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски