(ВИДЕО) Заев: Судиите кои намерно ќе застарат предмети по автоматизам ќе бидат разрешени

Од:

Судиите кои намерно ќе застарат предмети, како што имаме случаи во Врховниот суд, но и во други судови во државава по автоматизам ќе бидат разрешени, рече на денешната прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев најавувајќи нови реформи во правосудството по формриање на новата влада.

Тој потсети на мотото „Правда за сите“, кое беше еден од темелите со кои СДСМ излезе на изборите во 2016 година.

Најави дека предметите ќе се следат електронски, па ако се утврди дека некој во судството не постапувал со цел да застари предметот, како што рече Заев, ќе се вклучи аларм и тој судија или обвинител ќе биде разрешен по автоматизам, а Судскиот совет и Советот на јавни обвинители ќе имаат задача тоа да го констатираат.

-Започнуваме со детална проверка на имотнатата состојба на судиите и јавните обвинители. Следува проверка на 5 отсто од сите судските пресуди во последните пет години, по случаен избор, истакна лидерот на СДСМ и додаде дека како политичка партија и како политички концепт не отстапуваат милиметар од целта – правна држава, ред, правда и дисциплина.

Најави дека веднаш по создавањето на новата влада ќе повлечате неколку чекори за, како што рече „уште еднаш да се увериме дека патот на судиите и јавните обвинители кон правдата и независното постапување е отворен и тие ќе постапуваат“.

Законот за Јавното обвинителство, како што посочи Заев, гарантира дека политиката не може да интервенира во правосудските предмети и дека сите предмети од висока корупција мора и ќе имаат судска завршница.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот