ВМРО-ДПМНЕ: Ќе победиме на избори и ќе донесеме обнова на Македонија

Од:

„Победата на 12-ти април и формирањето на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе значат обнова на Република Македонија.

За ВМРО-ДПМНЕ иновативноста, вложувањето во образованието и културата се сегменти кои што треба да се мотор на прогресивноста во државата.

Затоа пред граѓаните се обврзуваме на обнова која ќе опфати изградба на нови 20 и реконструкција на најмалку 50 училишта во Република Македонија. Со овој проект ќе се овозможат пристојни услови за работа, односно следење на настава во подобри услови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Идната владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува исто така да донесе поголеми плати за универзитетскиот наставен кадар, односно ќе се воспостави методологија која ќе обезбеди зголемување на примањата. Ќе се обезбеди до 100.000 денари за редовните универзитетски професори, до 80.000 денари за вонредните професори, до 60.000 денари за доцентите и до 45 илјади плата за асисистентите на факултетите. Ова значи 2.5 пати повеќе од тоа што денеска го обезбедува државата.

Со овој проект ќе се обезбеди инвестирање во подобри услови за работа, средства и други лабораториски ресурси, но и мотивиран кадар се со цел да се спречи асистенти и доценти од универзитетите да го напуштаат наставно образовниот процес.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува и на покачување на платите на наставниците во основните и средните училишта, а тоа значи почитување на Колективниот договор.

ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април ќе донесе обнова на Република Македонија, а со тоа и подобрување на животниот стандард и задоволни граѓани кои својата иднина ќе ја градат во сопствената држава.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да донесе повеќе за секого во државата.

По 12-ти април следува нова енергија, нова надеж, достоинство, работа и вистинска грижа за граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус