Корпорацијата Тојота објави дека продажбата во Кина во февруари година е намалена за 70,2 отсто во споредба со февруари 2019 година.
Падот на продажбата на автомобили на Тојота е поради појавата и ширењето на новиот коронавирус.
Вториот најголем производител на автомобили во светот наведе дека минатиот месец продал само 23.800 патнички возила, вклучително и премиум возилата Лексус.
Додека според прелиминарната проценка на Кинеската асоцијација на производители на патнички возила (ЦПЦА) тврди дека продажбата на возила забележала поголем пад и вкупното намалување изнесува 80 отсто, што е најголем забележан годишен пад.