МВР: Неоснованите закани нема да му го зголемат рејтингот на Жерновски

Од:

Неоснованите закани нема да му го зголемат рејтингот, ниту пак ќе го компензираат недостатокот од довербата кај граѓаните. Таа се добива со дела и со работа, а не со манипулации, стои во реакцијата од Министерството за внатрешни работи на изјавата на Андреј Жерновски, кандидат за градоначалник на општина Центар од „Сојузот за иднината“.

МВР потсетува дека веќе се има произнесено по барањето на Жерновски.

– Во врска со вашето барање, дозволете да ве известиме дека Министерството за внатрешни работи нема намера да се инволвира во ничија кампања или стратегија за односи со јавност поврзана со Локалните избори 2013, без разлика колку и да му е потребна помош, стои во одговорот од МВР доставен до ЛДП.

Согласно законот, се појаснува, единствено надлежна институција за ажурирање на избирачкиот список е Државната изборна комисија. Затоа, МВР упатува за состојбата на избирачниот список да го контактира претседателот на ДИК, Борис Кондарко, одговорното лице за односи со јавноста во комисијата или да се обратите на некои од контактите објавени на нивната интернет страна.

Би можело да ве интересира

Крадец се обидел да убие тројца, пукал и кон полицијата, кривична за 29-годишник

Катерина Ѓуровски

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

МВР вработува 150 полицајци

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он