ВИДЕО: Го прашав Оливер дали ќе излеземе живи од Собранието, тој рече „не“

Од:

Долги часови насилство, борба да се преживее и опстане. Сведочења на тие што беа нападнати во Собранието на 27 април, за што размислувале при соочувањето со маскираните и вооружени напаѓачи.

ТВ Канал Вис во четири продолженија ја пренесува атмосферата и детали лично од сите кои беа жртви на насилството, „27 април во прво лице“.

– Сето тоа траеше многу време, самиот факт на многу насилство. Во ликовите кои влегоа се гледаше многу жед за крв, а во ликовите на останатите жед за живот.

– Го прашав Оливер дали ќе излеземе живи од овде. Рече: Не..

– Навистина сметав во тој момент дека ни тешко можеме да се извлечеме од таа просторија, сфатив дека ќе биде тешко.

– Над триесетина влегоа со качулки на главите, Сашо Тасевски изреагира да застанат и предупреди, го извади пиштолот… пукаше во вис како предупредување, се дел од сведочењата во видеото.

Авторите велат дека и покрај обидите, не успеале да ја добијат и верзијата на втората страна, односно дел од оние што упаднаа во Собранието.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски