А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ќе се набавуваат термални камери и опрема за Инфективната клиника

by А1он03/03/2020 - 16:46350
Share0

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информација за потребата за набавка на две термални камери, опрема за Клиниката за инфективни болести  и лична заштитна опрема за Министерството за здравство и останатите институции вклучени во активностите во врска со коронавирусот Ковид-19 и го задолжи Министерството за здравство да ја спроведе набавката.

Следете a1on на Instagram Instagram

На предлог на министерот за здравство, Владата го задолжи Министерството за образование и наука да изготви план за дистрибуција на алкохолен дезинфициенс со широк спектар на микробиоцидно дејство до основните и до средните училишта.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата денеска ја разгледа и ја усвои Информацијата за здравствените проблеми кои можат да бидат предизвикани од комарците како пренесувачи на заразни болести и го прифати акцискиот план за нивно контролирање.

Владата им препорачува на единиците на локалната самоуправа континуирано и целосно да ги спроведуваат мерките од акцискиот план кои предвидуваат ларвицидна дезинсекција во шест наврати, терестичката дезинсекција (на возрасни комарци) која треба да се изврши во пет наврати, како и мерката за постојано информирање и едукација на населението во единиците на локалната самоуправа.

Следете a1on на Youtube YouTube
infektivna klinikakoronavirusministerstvo za zdravstvovlada

Би можело да ве интересира

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски12/08/2026 - 14:5412/08/2026 - 14:56

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 11:04

Лекот Фостер повторно без доплата во аптеките

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 10:27

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео