(ВИДЕО) Стоилковски: Аферата Шпанско село се проширува

Од:

„Хибридниот режим e фатен на дело, Венко Филипче се сокри зад партизираното министерството за здравство и повторно се обидува да манипулира. Му оставивме еден ден на Филипче да се предомисли и можеби да излезе со одговори на прашањата кои што му ги поставивме за аферата „Шпанско Село 2 “, но напротив, него нема.

Не министерот Венко Филипче, туку министерството за здравство призна дека семејството на сопругата на Филипче поседува имот во „Шпанско Село 2“ и дека градат на парцела. Филипче призна дека му доделил тендер на „Синерџи Медикал“, и како министерство од над половина милион евра, но и преку институциите коишто се под министерството за здравство за вкупна сума над 7 милиони евра“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Документите објавени од Агенцијата за катастар прецизно укажуваат дека Савески, семејството на сопругата на министерот Филипче и Горан Филипов од „Синерџи“ се сопственици и сосоптвеници на 13.506 м2 во месноста Рупе под Нерези, од кои Савевски се сопственици на 6.164 m2, имот купуван од 2012 година до 2019 година. Градежно земјиште во катастарската Општина Нерези, вон град.

Ова е графичката мапа на парцелите, со бои за полесно распознавање, со жолто се парцелите на семејството на сопругата на Филипче, со црвено на Горан Филипов кој што е сопственик на „Синерџи Медикал“ добитник на тендери во министерството за здравство, а она што е жолто со црвено односно шарено е заедничко на семејството на сопругата на министерот и на Филипов, добитникот на тендерите во министерството за здравство“, вели Стоилковски.

„А ова во мојата рака се доказите за сите три шарени парцели кои што се сосопственички на имот на Савески Јордан, таткото на сопругата на Филипче и на Филипов, газдата на „Синерџи Мeдикал“ добитник на тендерите во здравството. Ова се документи од Агенцијата за катастар на недвижности.

Тука се секако и документите за сите други плацеви.

И купопродажниот договор за овие две сега парцели, поголемата црвената и жолтата во близина каде што сега се гради популарната касарна на Филипче, и тој документ покажува дека и ова било еден имот, со КП број 1867, покажува документот дека и тој е заеднички купен од братот на сопругата на Филипче и од Горан Филипов, директорот на „Синерџи Медикал“. Значи и овие сега две парцели, можат да бидат, односно некогаш биле шарени заеднички од како и овие другите погоре.

Уште една манипулација на Филипче. Не се работи за земјоделско земјиште, како што вели тој, односно министерството за здравство туку за градежно земјиште. Тоа го покажуваат документите кои што се потврдени и донесени од Општина Карпош. Во министерството за здравство можеби не знаат, но семејството на министерот добро знае дека согласно Законот за Градежно земјиште со донесувањето на урбанистичките планови, автоматски се извршува и пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно. Во конкретниов случај се донесени еден општ и еден конкретен документ со кој детално се разработува што ќе биде предмет на градба. Тоа е Архитектонско урбанистичкиот план, финансиран од инвеститорите, на нивен трошок. А тој покажува „Намената за градба: А4- Времено сместување“.

Еве ја и следната лага и манипулација. Ова е тој документот АУП. Тоа е документ од 2017 година за урбанизација финансиран од инвеститорите односно од Филипов и семејството на министерот Филипче, односно неговата сопруга.

Видно од АУП-от за Катастарските парцели е дека на овие локации не е предвидено да се гради семејна куќа, каде што стои на самата табла, каде што сега заеднички се гради таканаречената касарна на Филипче. Туку се градат 5 објекти со намена А4 – времено сместување со секој од нив со приземје, кат и поткровје и со вкупна површина за секој поединечно од 324 м2 или сите заедно 1620 м2.

Еве ги предвидените објекти, според документот АУП, графичкиот прилог од кои тука е и се гради, еден е на мајката на сопругата на Филипче, а другиот на сопственикот на фирмата „Синерџи Медикал“ кој што е добитник на тендерите од министерството за градби кои што веќе се градат и се познати како касарната на Филипче“, додаде Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски