Шекеринска: Да не се шират лажни вести за мигрантската криза, на тој начин не се штити државата

Од:

Состојбата на јужната граница е стабилна, ќе реагираме превентивно и според сите можни сценарија, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска во касарната „Илинден“ каде што информраше дека викендов се започнати подготовките да се зголеми присуството на полицијата и армијата на пограничната линија поради настаните на турско-грчката граница со мигрантите.

-Во моментот притисокот на нашата граница не и изразен повеќе од претходно, главниот притисок е на грчко-турската граница. Факт е дека тоа предизвика одредено повлекување на грчките сили да се фокусираат на турската граница и тоа предизвика придвиживање на мигрантите кои веќе беа во Грција кон северот на Европската унија, истакна Шекеринска.

Министерката повика да не се шират лажни вести и да не се создаваат диезинформации без раслика која е причината и каква агенда стои позади тоа.

– Изутрината почна да се шири информација која е комплетно неточна во поглед на насилство и проблеми на границата кај Битола. На тој начин не се штити државата, на тој начин само се дефокусираат напорите на сите државни институции да се справуваме со тоа што ствфарно може да биде проблем, нагласи Шекеринска.

Министерката информираше дека со Фронтекс имаат комуникација и дека вчера на управувачкиот комитет побарале продолжување на ангажманот на полицијата од Фронтекс на нашата јужна граница. Шекеринска рече дека на дебатите во Собранието се покажа дека како мнозинство биле во право кога се барало да се продолжи кризната состојба, а со тоа и ангажманот на војската на границата поради можноста да се повтори проблемот со мигрантите.

– Ги знаеме потребите, знаеме дека состојбата може да стане посериозна, имаме точно опративни планови и во полицијата и во армијата и согласно информациите на терен ќе ги носиме одлуките. Од вчера нивниот број е подигнат, рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната