Тимоние: Извештајот на ЕК и новата методологија се охрабрувачка основа за старт на преговорите

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска го прими амбасадорот на Република Франција во нашата земја Кристијан Тимоние.

На честитките за позитивниот мини извештај на Европската Комисија за значителниот напредок на нашата земја, премиерот Спасовски на средбата истакна дека извештајот завршува со уште една препорака за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, и дека тоа е резултат на посветената работа и во периодот на актуелната Влада, во кој се затворија неколку важни реформски прашања, меѓу кои и пакетот закони за правосудството.

Претседателот на Владата Оливер Спасовски изрази благодарност до сите што учествуваа во процесот за да се остварат постигнувањата констатирани во извештајот на Европската Комисија, особено до земјите членки на ЕУ и пријатели на Северна Македонија кои го охрабруваат мерит системот во оценките за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ.

На средбата беше потенцирано дека извештајот, заедно со новата методологија за проширување му дава на процесот на преговори и на пристапување кон членство во ЕУ кредибилност и претставува добра порака за регионот.

Амбасадорот Тимоние на средбата рече дека Франција со оптимизам гледа на извештајот, како и на методологијата за проширување како охрабрувачка основа за донесување одлука за старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

ЕУ ги менува правилата поради Украина и Молдавија

А1он

Орбан: Западот планира да ја ограби Украина под изговор дека сака да ја заштити

Медиуми: Домаќинствата во земјите од ЕУ се предупредени да подготват пакети за преживување

ЕУ ја забрзува трката по минерали – нов повик за рудници, Македонија ќе се усогласува

Предраг Петровиќ

Голдшмит: Босна и Херцеговина дефинитивно не е подготвена да биде вклучена во ЕУ