„Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ја поздравува одлуката на д-р Срѓан Керим за целосно повлекување на тужбата за клевета поднесена против весникот „Фокус“ чиј што основач Никола Младенов трагично загина минатата недела. Сметаме дека станува збор за потег што заслужува секоја почит.
ССНМ воедно апелира до сите кои имаат поднесено тужби за клевета против весникот, уредникот или новинарите на Фокус да го следат примерот на д-р Керим и да ги повлечат обвинувањата во интерес на слободата на печатот. Тужбите, без оглед на нивниот исход, претставуваат исцрпување на медиумот и новинарите и притисок врз слободната и критична мисла која е суштинска карактеристика на професионалното новинарство како столб на демократијата на едно општество“, велат од Синдикатот.