(ВИДЕО) Маричиќ: Ги спроведовме реформите, сега на ред е Европскиот совет

Од:

Со право Комисијата уште еднаш препорача почеток на преговори со Република Северна Македонија и како Влада сторивме буквално се за да ги исполниме потребните реформи. Сега на ред е Европскиот совет, кој треба да го има предвид ова што го сторивме, како и методологијата и да ги отвори преговорите со ЕУ. Со право очекуваме онаа стратешка грешка што беше направена во октомври да се исправи и што поскоро РСМ да ги започне преговорите за членство во ЕУ, изјави националниот координатор за интеграција во ЕУ, Берлински процес и регионална соработка, Бојан Маричиќ.

– Самитот на ЕУ во Загреб е во мај. Заклучокот на Европскиот совет од октомври е дека на ова прашање повторно треба да се наврати пред Самитот во мај. Она што беше наша задача ние го завршивме и тоа за нас беше клучно, дека нема никакви изговори и причини зошто не би се донела одлуката побрзо. Овој извештај е печат на нашите реформи, на досегашните успеси, во тешки услови, со многу напори, но исто така и методологијата е на некој начин е отворање на патот за почеток на преговорите. Дали ќе се случи во март или подоцна тоа е стратегија и на пристап на државите членки на ЕУ, рече Маричиќ.

Овој Извештај, според Маричиќ, е уште една потврда на нашата посветеност на реформите кои се важни за државата и за иднината на нашата земја во ЕУ.

– Потврдени се успесите во се, а особено во делот на правдата и владеење на правото, рече тој.

Извештајот на ЕК, според Маричиќ, повторно ги препознава постигнатите реформи, и уште еднаш му препорачува на Советот да се отворат преговори со Република Северна Македонија. Се потврдуваат напорите за правење реформи и гарантирање на одржливи и опипливи резултатите во клучните области.

Според него, потврдени се успесите во сите зададени области, а особено тоа важи за судството. Маричиќ посочи дека во делот на судството е забележан значителен напредок остварен при зајакнувањето на независноста на судството.

Извештајот нотира и засилено темпо на имплементација на реформите предвидени со стратегијата за реформа во правосудството, посочува тој, што претставува и адресирање на итните реформски приоритети уште од извештајот од Прибе, а наведува и донесување на некои закони. Тука се споменува и Законот за јавно обвинителство за што во извештајот има посебен дел и се наведува дека целта е да се обезбеди одговорност за прекршување на законите и целосно затворање на случаите што ги започна СЈО.

– Како добра пракса ЕК тука го нотира и разрешувањето на шест судии, вклучувајќи го и поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје и одземањето на имунитетот на судија од Управниот суд, рече Маричиќ.

Во однос на втората област за безбедност и раразузнавање, Извештајот посочува на зајакнатиот надзорен капацитет и на Собранието кон службите.

Во третата област во Извештајот се посочува на реформите во јавната администрација и посочува на активностите за подобрување на напорите за отчетност и транспаретност во нивната работа, како и на напорите за дигитализација и обезбедување на основните услуги.

– Она што е важно за овој Извештај е што на неколку места, во клучни области и во правосудството и во борба против корупцијата, се посочува дека имплементацијата и опипливите резултати бележат напредок. Во овој Извештај се констатира многу повеќе од донесување на закони и усвојување на закони, истакна Маричиќ.

Би можело да ве интересира

ЕУ најави одговор на новите царини на Трамп

Работиме напорно за да се деблокира македонскиот пат кон ЕУ, вели Рокас

Калас: Русија е решена да придонесе за страдањето и да ја уништи Украина

А1он

Одбележување на „Денот на Европа“ со хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

А1он

Пристигна одговорот на Европската Унија на заканата од Трамп за царини

Предраг Петровиќ

Трамп ѝ се закани на Европската Унија со царини од 50 отсто

Горан Наумовски