А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Дачијан Чолош: С. Македонија и Албанија се географски, културно и историски поврзани со Европа

by А1он02/03/2020 - 14:21198
Share0

Претседателот на групата Обнова на Европа во Европскиот парламент, Дачијан Чолош во текст во францускиот дневен весник „Л’Опинион“, ја нагласува важноста на проширувањето на Европската Унија, потенцирајќи дека од „суштинско значење е „негативната условеност, да оди заедно со позитивна“, јави дописникот на МИА.

Добивај вести на вибер

– Во 1986 година, за прашањето за прием на Шпанија и Португалија, Симоне Веј, тогашниот претседател на либералната група во Европскиот парламент, објасни дека капацитетот на Европската Унија да биде отворена и солидарна и да привлече нови членови, културно и политички блиски, ќе ја направи посилна. За неколку недели, кога Европскиот совет ќе расправа за започнување на пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија, ќе треба да ги запомниме овие зборови, наведува романскиот европратеник Чолош.

Тој потенцира дека двете земји минаа низ значителни трансформации во последниве години, со мотивација и перспектива за европска интеграција.

– И Албанија и Северна Македонија, како и регионот на Западен Балкан се географски, културно и историски поврзани со Европа, нагласува Чолош.

Тој оценува дека за успешно проширување на ЕУ, процесот на интеграција мора да се подобри, при што ги поздравува предлозите на Европската комисија за измени на методологијата на процесот на преговори.

– Граѓаните мора да бидат повеќе вклучени во овој процес, кој мора да ги надмине бирократските и бриселските кругови. Граѓаните во двете страни – државите кандидатки и земји членки на ЕУ – мора да ги видат материјалните придобивки од овие зближувања кои не можат да бидат ограничени на дијалог помеѓу администрациите, смета Чолош.

Европратеникот потенцира дека при неговата последна посета на Северна Македонија, се уверил „во силниот стремеж кон Европа и надежите меѓу лидерите на земјата, политичките лидери, граѓанското општество и студентите со кои се сретнал“.

– Од суштинско значење е процесот на проширување да придонесува за ефективно почитување на европските вредности и правила на игра од страна на земјите кандидати, особено во однос на владеењето на правото и граѓанските слободи. Предлозите да се преиспита методологијата на преговори за пристапување, да се зајакне местото што го заземаат овие субјекти, како и можноста за повторно отворање на поглавјата кои се веќе затворени, што може да предизвика појава во случај на влошување на замрзнување на преговорите или запирање на процесот, се движење во вистинската насока, оценува Чолош.

Тој притоа е на мислење дека е „од суштинско значење е оваа негативна условеност да оди заедно со позитивната“.

– Веднаш штом земјите кандидатки ги интегрираат правилата на заедницата, во специфичен сектор и штом нивниот напредок во однос на почитувањето на демократските принципи и правната држава се неповратни, тие треба да бидат тесно вклучени во европската соработка во овие области, додава Чолош во текстот.

Тој смета дека ако целиот политички напредок кон мирно и подобро подготвено проширување ќе биде бескорисен ако самата ЕУ не се обнови, особено со финансискиот капацитет за да живее според своите политички амбиции.

– Во овој поглед, Европскиот парламент ќе биде внимателен кога ќе даде согласност за идната европска буџетска рамка за годините 2021-2027 и ќе биде исто толку внимателен за глобалниот буџет и сопствени ресурси, колку и за прашањето за владеењето на правото, смета европратеникот.

Чолош притоа потсетува дека и во рамките на Унијата, мора да се почитуваат европските вредности, залагајќи се за ефективна и ефикасна условеност на европските фондови без одлагање.

Дачијан Чолош, кој е поранешен премиер на Романија, од 2019 година е член на Европскиот парламент и претседател на центристичката и либерална група Обнова на Европа.

eu

Би можело да ве интересира

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Горан Наумовски24/02/2026 - 13:19

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:14

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:13

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Горан Наумовски19/02/2026 - 06:48

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:14

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен