Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Од:

Главните преговарачи од европска и британска страна се сретнуваат денеска во Брисел за стартот на главната фаза на преговорите за Брегзит – идното партнерство.

Мишел Барние, европскиот преговарач и Дејвид Фрост, британскиот, ќе одржат состанок после пладне, по што треба да започне првата рунда преговори која ќе трае до четврток.

Оваа фаза од преговорите е најсуштинската бидејќи ЕУ и Обединетото Кралство ќе почнат да преговараат за идното партнерство на двата блока, пред сѐ од трговски аспект, што подразбира почитување на стандардите на внатрешниот пазар на Унијата, но и безбедноста, одбрана и други области.

Минатата недела двете страни ги објавија своите преговарачки мандати со длабоки разлики кои тешко ќе се премостат до крајот на оваа година, кога транзициската фаза завршува.

Доколку двете страни не постигнат договор, се враќа ризикот од „Брегзит без договор“, односно можен економски хаос.

Дипломатите објаснуваат дека преговорите ќе се фокусираат на три клучни области: слободна трговска зона, решавање на спорови и риболовот. ЕУ на Британците им нуди привилегирано трговски партнерство со “нула квоти и нула царини“, но под услов Обединетото Кралство строго да ги почитува правилата на конкурентност на ЕУ како и нејзините стандарди, социјални, економски, фискални, здравствени, еколошки, итн. Дел од кои беа токму причината зашто Британците сакаа да се одвојат од ЕУ.

Риболовот е исто така потенцијално експлозивна тема за двете страни. Земјите од ЕУ како Франција сакаат реципроцитет во пристапот до територијалните британски води и ЕУ се закани дека нема да склучи трговски договор ако тој не вклучува компромис за риболовот.

Британскиот премиер од своја страна предупреди дека ќе ги напушти преговорите доколку тие се одолговлекуваат без напредок.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска