Грчко МНР: Бројките од турските власти се лажни

Од:

Никој не може да ги помине грчките граници. Сите оние што се обидуваат да влезат нелегално, ефективно се спречени да влезат. Бројките цитирани од турските власти се лажни и заблудени, пишуваат од Министерството за надворешни работи на Грција на официјалниот „Твитер“ профил во однос на информациите од Турција за бројот на бегалци и мигранти кои влегле во Грција.

Од грчкото МНР велат дека „продолжува кампањата за дезинформации од турските власти“ и ги објавуваат официјалните бројки за спречени обиди и уапсени лица.

-Продолжува кампањата за дезинформации од турските власти. Реалноста: Од вчера наутро до сабајлево беше спречен влез на грчка територија (по целиот Еврос) на 10.000 лица. Од нив 73 лица неповрзани со Идлиб влегоа нелегално на грчка територија, беа уапсени и соодветно ќе се гонат, објаснуваат од грчкото МНР на „Твитер“.

Би можело да ве интересира

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ