Шеста жртва од експлозијата во Романовце, почина 63-годишна жена

Од:

Почина 63-годишна жена која беше меѓу повредените во експлозијата на плинска боца што се случи минатиот викенд во кумановското село Романовце, потврди директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Илир Хасани.

Ова е шеста жртва од експлозијата. На самото место на несреќата што се случи на 23 февруари загинаа три деца на осум, девет и 11 години, подоцна во болница почина и 58-годишен маж, а пред три дена на здобиените повреди им подлегна и 36-годишна жена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силна експлозија во рафинерија во Иран

Бројот на загинати се зголеми по експлозијата и пожарот во Чазма

(ВИДЕО) Во експлозија загина руски политичар кој учествувал во освојувањето на Мариупол

(ВИДЕО) Силна експлозија во кинеска хемиска фабрика, најмалку пет мртви

(ВИДЕО) Одекна експлозија во хемиска фабрика во Кина

Експлозија во Калифорнија: ФБИ го идентификуваше осомничениот