Сите петнаесет уредниците од ревијата „Кахие ди синема“ , не се согласуваат со новите сопственици на филмската ревија, кои сакаат да наметнат нова уредничка линија, по што тие поднесоа оставка.
Редакцијата на „Кахиер ди синема“ преку соопштение ја информира јавноста дека одлучила да го напушти списанието заради несогласување со уредувачка политика, што новите акционери сакаат да ја наметнат.
Сите 15 уредници на списанието се одлучија за клаузулата за цесија, одредба што новинарите можат да ја активираат во случај на промена на сопственик на медиумот.
Одлуката следува по најавата, на почетокот на февруари, за продажба на амблемското списание на седмата уметност, што особено имаше клучна улога во раѓањето на Новиот бран.
Ришард Шлагман, поранешен глчавен уредник на изданијата на Фајдон, кој го купи месечникот од Ле Монд во 2009 година, го продаде на колектив од 20 бизнисмени и филмски продуценти, вклучувајќи го и основачот на Фрее, Хавиер Нил и шефот на Алтис Франција, Ален Вил.
Новата акционерска структура ја сочинуваат осум продуценти, што претставува судир на интереси во ревијата посветена на критика на филмот.
Без оглед на написите објавени за филмовите на овие продуценти, тие би биле осомничени за соучесништво, се истакнува во соопштението на редакцијата.
Новинарите на месечникот јавно ги искажаа овие стравови, и веруваат дека не биле слушнати од новите сопственици.
Повелбата за независност што беше објавена од акционерите е веќе противречна со бруталните соопштенија за печатот.
Ни беше кажано дека ревијата треба „да се фокусира на францускиот филм“, потенцираат тие, исто така, укажувајќи на назначувањето за генерален директор на генералниот делегат на СРФ (Друштвото на филмски режисери), што се додава на „стравувањата од влијание од француската филмска-заедница“.
Тие, исто така, ги критикуваат новите акционери што сакаат да ја претворат ревијата во „пријатно“ и „шик“ издание, за кое веруваат дека би било во спротивност со нејзината историја.