Десетта победа за Фулам

Од:

Екипата Фулам ја постигна десетта победа сезонава во Премиер лигата откако синоќа во „малото лондонско дерби“ го совлада Квинс Парк Ренџерс со 3:2.

Фулам водеше со 3:0, а резултатот го отвори Димитар Бербатов со двата гола во 8.минута и во 22. минута. Третиот гол беше автогол на Клинт Хил во 41. минута.

Гостите намалија на 3:1 преку Адел Тарабт во 45. минута. По само две минути игра во вториот дел беше 3:2 по голот на Лоик Реми, но Фулам ја задржа предност иако од 79.минута игарше со играч помалку по исклучувањето на Стив Сидвел.

Ова беше дуел со кој се комплетираше 31. коло во Англиското фудбалско првенство.

Фулам со 39 бодови е на 10. место, додека Квинс Парк Ренџерс остана на претпоследното место со 23 бодови и сега е со подалеку од зоната за опстанок.

 

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска