Петте најбарани документи од Агенцијата за вработување од денеска по електронски пат им се достапни на граѓаните. Единствено што треба да направат е да се најават на националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk со корисничкото име и лозинката за УЈП и да поднесат барање за документот што им е потребен по што за триесетина секунди бесплатно ќе го добијат по електронски пат. Услугата може да се корсисти само еднаш дневно.
-Агенцијата за вработување е една од институците која е најнапредна во делот на нудење електроонски услуги кон граѓаните и кон фирмите. Сега било кој граѓанин може да добие конкретни документи и услуги од Агенцијата за кои претходно беше потребно да се оди на шалтер и да се чека. Пристапот до нив сега е лесен и во рок од една минута може да се добијат по електронски пат. Услугата сега за сега е достапна само на македонски јазик, но наскро ќе може да се кроистат и другите службени јазици, рече министерот за информатичко оштество и администрација Дамјан Манчевски на денешната прес-конференција во МИОА заедно со директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска.
Тој посочи дека откако граѓаните ќе го поднесат електронското барање не треба да внесуваат никакви податоци, бидејќи смиот портал ги повлекува податоците од електрнсиот регистар на население и барањето автоматски се пополнува со име и презиме и сите други неопходни податоци.
-Единстевено треба да кликнат на аплицирај и веднаш барањето е поднесено, а по триесет секунди електронски се добива бараниот документ. Со тоа луѓето кои досега работеа на шалтерите за издавање на документи во Агенцијата, сега ќе може да се посветат на промоција на активните мерки за вработување и на тој начин ќе можат многу повеќе луѓе да ги користат мерките, нагласи Манчевски.
Како што посочи Јовановска, еден од најчесто бараните документи кои граѓаните ги бараа од Агенцијата е издавањето на историјат на работни односи.
-Секое лице кое било вработено или е вработено може да добие извод од компјутерскиот запис на пријава/одјава од социјално осигурување која е регистрана во Агенцијата за вработување, документ познат како М1М2. Истиот документ може да го добие и секој работодавач, но само за лице кое е вработено или било вработено кај него, рече Јовановска.
Посочи дека може да се добие и извод од компјутерески запис – образец М1М2 од пријава и одјава во задолжително социјално осигурување.
-Секое лице кое е вработено или било вработено може да го добие тој извод. Овој документ во минатото беше многу баран на шалтерите на Агенцијата, а сега може да го добијат преку електронската услуга за периодот за кој им е потребен. Електронски може да се издаде и потврда за неевидентирано лице доколку лицето не е во евиденција на невработени лица или во други лица кои бараат работа, ниту, пак, има засновано работен однос во моментот. Исто така, може да се издаде и потврда за евидентирано друго лице кое бара работа, како и за пасивни баратели на работа. Сето тоа е можно без доаѓање во центрите за вработување низ целадржава и по електронски пат, потенцира Јовановска.
Во иднина, додаде, ќе овозможиме и други услуги да бидат достапни преку порталот по електронски пат, како што се подигнување на списоци на вработените лица кои работодавчите ги имаат во нивните фирми, како и издавање на потврди за нивните вработени. Воедно, и целата постапка за активните мерки, па дури и потпишувањето на договорот од страна на корисниците и институцијата да биде по електронски пат.
Во одговор на прашање министерот Манчевски посочи дека податоците се исти за сите институции кои се поврзани и ќе се поврзат со централниот регистар на население.
-Во моментов ние ги синхронизираме податоците два пати на ден со МВР и Управа за водење на матични книги и сите евентуални измени кои се случуваат на лични податоци и адреса во истиот момент се видливи и за другите институции кои се поврзани на регистарот. Наш предизвик во иднина ќе биде што поголем број на институции да се поврзат на регистерот на население. Клучните институции веќе се поврзани и ги користат податоците, а веќе имаме и барања од приватни компании, пред се осигурителни компании, да ги користат податоците од регистарот. Во фаза сме на подготовка на подзаконските акти и правилниците со кои ќе ги регулирамае начините на кои приватните компании ќе имаат пристап до регистарот, Тоа ќе биде завршено за триесетина дена, потенцира Манчевски.