Димитров, од Чешка: Добивме потврда за сработеното и ветер во грб за заслуженото, очекувам тој ветар да не донесе до целта

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во Прага ја започна дводневната работна посета на Република Чешка со билатерална средба со чешкиот колега, Томаш Петричек.

Фокусот на разговорите е ставен на очекувањата и перспективите на Република Северна Македонија и активностите за поддршка од страна на Република Чешка во контекст на евроинтегративниот процес.

„Чешка е дел од нашето ЕУ патување, помагајќи ни да стигнеме заедно до целта што побрзо. И денес во инспиративната Прага добивме потврда за сработеното и ветер во грб за заслуженото. Очекувам тој ветер да не’ донесе до целта: отворање на пристапни преговори без одлагање“, рече Димитров. 

Се разговараше и за клучните моменти од односите меѓу двете пријателски земји и можностите за нивно понатамошно интензивирање.

Министерот Петричек ја потврди цврстата и континуирана поддршка на Чешка кон евроинтегративните процеси на Северна Македонија.

Тој го нотираше забележителниот прогрес во спроведување на неопходните реформи во земјата, значителниот политички влог и потпишаните договори со Грција и Бугарија, и воедно го потврди својот став дека Северна Македонија заслужува да го започне процесот на преговори.

Министерот Димитров ја продолжува денес работната посета со средби со претседателот на Долниот дом на чешкиот Парламент Радек Вондрачек, државната секретарка за европски прашања Милена Хрдинкова, како и со учество на панел дискусија во Институтот за Европска политика – ЕУРОПЕУМ.

На агендата за утре е предвиден годишниот состанок на Министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група – V4 и земјите од Западен Балкан – WB6, којшто се организира во рамки на Чешкото претседавање со Вишеградската група.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија