Средба Гутереш – Дендиас во Женева

Од:

Ситуацијата во Либија и кипарското прашање биле темите за кои разговарале министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на нивната средба во Женева во пресрет на Советот за човекови права и конференцијата за разоружување, јави дописничката на МИА од Атина.

По состанокот, шефот на грчката дипломатија во писмената изјава вели дека станало збор за обидот за политичко решавање на кризата во Либија, напори кои Грција ги поддржува.

„Истакнав дека Грција, како соседна земја на Либија, директно засегната од случувањата таму и како фактор на стабилност во регионот, има улога и збор за ситуацијата во Либија. Случувања, кои вклучуваат нелегални активности кои поттикнуваат конфликт и го поткопуваат мирот и безбедноста во регионот“, соопшти Дендиас.

Во однос на кипарското прашање, шефот на грчката дипломатија вели дека изразил цврста поддршка за напорите на генералниот секретар на ОН за повторно почнување на разговорите „со цел праведно и одржливо решение“.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски