СДСМ: За само 2.5 години невработеноста падна на 17.1% и се отворија нови 60.000 работни места

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку иновативни политики и развојни реформи за само 2,5 години успеa, не само да ја стабилизира економијата во државата, туку и да обезбеди економски раст кој овозможува вистински придобивки за сите граѓани.

Потврда за тоа се отворањето на 60.000 нови работни места, намалување на стапката на невработеност на историски најниска од 17.1 отсто и кај младите на 35,3 отсто со пад од 13 отсто.

СДСМ продолжува со мерките кои значат отворање на нови работни места“, велат од СДСМ.

„Еден од клучните механизми за остварување на таа цел е Оперативниот план за вработување, кој годинава треба да вклучи 12.000 нови невработени лица. За него се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари наменети за инвестиции во претприемништво, поддршка за креирање нови работни места, обуки и доквалификација, практиканство и реализација на Гаранцијата за млади.

Се потврди и дека самовработувањето преку стартување на микро бизниси е одржливо, бидејќи 93% од компаниите формирани со помош на оваа мерка во 2017 година активно работат, како и 99% од компаниите формирани во 2018 година.

Затоа во 2020 година се очекуваат отворање на нови 1.364 микро бизниси, за кои се издвоени 447 милиони денари.

Оперативните мерки и во 2020 предвидуваат обуки и доквалификации за занимања за кои постојат потреби на пазарот на трудот. Со нив е планирано да се опфатат 3.224 лица.

Во Гаранција за млади се вклучија над 18.000 лица, од кои 35% се стекнале со практиканство, обука или биле вработени. Тоа е повисока реализација и од европскиот просек на оваа мерка кој изнесува 33 отсто.

СДСМ продолжува со силна поддршка за се поголема вработеност на граѓаните, преку отворање на нови работни места, бидејќи намалувањето на невработеноста и добро платени работни места беше и останува клучен приоритет на партијата“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он