СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ моли ЕУ да не ни даде датум, Мицкоски и Груевски се антиевропска опција која нуди изолација

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е криминална и антидржавна партија која ги загрозува европските аспирации на државата за да си отвори шанса повторно да го инсталира режимот и да го амнестира партискиот криминал.

Нивниот последен скандал е обидот да издејствуваат Европската Унија да не и додели датум за почеток на преговори на Северна Македонија. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ ја доведува во опасност иднината на државата и на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ како аргумент да ја оправда ваквата антидржавна политика ја користи лагата дека со доделувањето на датум за преговори во март, Европската Унија ќе влијае врз изборната кампања со фаворизирање на одредена партија“, велат од СДСМ.

„Партијата на Христијан Мицкоски моли меѓународни преставници и европратеници да не се додели датумот за преговори затоа што нивната режимско – криминална матрица е така кодирана – да ја уништува државата, да и ја блокира европската иднина и повторно да ја окупира.

Крајната цел на ВМРО-ДПМНЕ е Северна Македонија никогаш да не стане членка на НАТО и на ЕУ само за да си го спасат криминалот и одговорноста што ја покрадоа државата.

ВМРО-ДПМНЕ никако да научи дека реформите, резултатите и успесите не се постигнуваат за партиите, туку за државата. Датумот за почеток на преговори со ЕУ ќе и се додели на Северна Македонија, а не на СДСМ или на која било друга партија во власта.

Затоа ваквите потези на ВМРО-ДПМНЕ да лобира за државата да не добие датум, се крајно опасни, непромислени и ја загрозуваат европската иднина на граѓаните.

СДСМ ќе остане посветена на правиот пат кон Европа. Таму е нашата иднина и иднината на нашите деца. Ние ќе сториме се нашата држава во март да го добие датумот за преговори“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он