(ВИДЕО) СДСМ Велес: ДПMНЕ се плаши од пораз во вториот изборен круг

Од:

Актуелната офанзива на владејачката партија со носење на владиниот врв во Велес само ја потврдува загриженостa на ДПMНЕ за поразот во вториот изборен круг, вели Елена Тефчева на прес конференција.

Што се однесува до нас, рече, тие можат да ги разбудат и спомениците од Скопје 2014 и да ги донесат во Велес, но и тоа нема да ја промени единствената вистина. Дека нивниот кандидат нема со што да се пофали.

Дека во изминатите 4 години, додаде таа, не само што не работше за граѓаните на Велес, туку и им нанесе штета што се брои во милиони. Со неговиот потпис хотелот во Горно Врановци изграден од Ваши пари го подари на својот колега и ги прекрши законите во оваа држава.

Очигледно истото што се случува во Општина Центар се случува и во Велес. Таму стравот од победата на нашио кандидат е всушност страв дека ќе се откријат сите криминали и најголемата кражба на народни пари во историјата на Македонија. Овде стравот од нашата победа очигледно е страв дека ќе се разоткрие кршењето на законите, матните зделки со тендерите и личното богатење. Со наши пари.

Токму затоа, не смееме да дозволиме да поминат неказнето. Време е граѓаните на Велес и Македонија да ја дознаат вистината на која имаат уставно загарантирано право.
Време е да се стави крај на криминалот, уцените и заканите.
Можат да се прогласуваат за претседатели на совет и заменици градоначалници колку што сакаат. Тоа е само потврда на стравот од пресудата на велешани кои искрено веруваме нема да дозволат повеќе било кој да ги замајува со нечесни игри.

Почитувани граѓани,

Во пресрет на вториот изборен круг соочени сме со уште пониски методи на пропаганда . Но овојпат имаат работа со чест, одговорност и многу реализирани проекти.
Затоа, ниту илјадниците флаери што ги делат и за кои трошат милионски суми неоправдани средства за кои немаат никакво покритие нема да ги спасат од судот на народот.
Почитувани граѓани, ве повикуваме на 7-ми април масовно да излезете на избирачките места и заедно да придонесеме Велес повторно да биде град на честа и достоинството.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно