Лицето примено на Инфективната клиника нема коронавирус

Од:

Негативен е тестот за коронавирус на лицето кое вечерва беше примено на Инфективната клиника со симптоми на грип, соопштуваат од Министерството за здравство.

Станува збор за италијански државјанин кој вчера со попладневниот лет на „Визер“ од Милано пристигнал во Скопје.

Тој имал лесна клиничка слика, немал покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна. Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. Сепак, пациентот сам се пријавил на клиниката откако почувствувал одредени тегоби, бил ставен во изолација и кај него биле направени тестови согласно утврдениот протокол кои се покажале негативни.

„Будно ја следиме состојбата и во континуитет постапуваме по препораките на Светската здравствена организација, а од денеска Министерството за здравство го подигна степенот на подготвеност на највисоко ниво. Се формира Кризен штаб во рамките на Министерството, а на сила стапија и нови зајакнати мерки за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирус“, велат од Министерството.

Би можело да ве интересира

Пензионер од кочанско почина од компликации од Западно-нилска треска

Катерина Ѓуровски

Нова компресорска станица за четири месеци, Министерството за здравство ќе потпише договор со единствената фирма која се пријави на тендерот

Питомци од Воената академија побарале лекарска помош на Инфективната клиника во Скопје

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Дали е точно дека лица со Ковид на кои им е потребен респиратор не се примаат на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

На најдобрите студенти кои завршиле медицина ќе им биде понудено веднаш да се вработат во здравството