Возачот кој повреди најмалку 15 луѓе на карневал во Фолкмарсен е германски државјанин

Од:

Карневалот во германскиот град Фолкмарсен е откажан откако автомобил влета во карневалската поворка, при што се повредени најмалку 15 луѓе, а полицијата на Твитер објави дека нема индиции за напади на други места во Германија.

Според локалната телевизија Хесеншау возачот на автомобилот што влета во карневалската поворка е 29-годишен германски државјанин.

Полицијата се уште нема информации за тоа кој бил мотивот на возачот, но истакна дека најверојатно намерно влетал со автомобилот во поворката.

Според очевидците, возачот влетал во карневалската поворка токму на место каде што имало повеќе деца, забрзувајќи пред да удри во нив.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Инцидент во Велс: Избодени со нож се неколку лица

Горан Наумовски

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски