(ВИДЕО) Костадин Костадинов: Законот за Јавно обвинителство е гаранција за воспоставување правна држава

Од:

„Законот за Јавно обвинителство е гаранција за воспоставување правна држава, за почитување на принципите за владеење на правото и за недвосмислената борба против криминалот и санкции за сите кои сториле кривично дело“, рече Костадинов.

Според него, СДСМ преку Законот за јавно обвинителство овозможува ослободување на правосудството и создава услови за независно и професионално постапување на судиите и обвинителите.

Тој посочи дека продолжуваат предметите на СЈО кои се во фаза на судско постапување  и дека нема законска пречка да им се суди на партиските криминалци од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

Костадинов во своето обраќање го повика судот да престане со бескрајното одложување на процесите и конечно да создаде услови за секојдневни судења.
„Продолжуваат истрагите и предистрагите на СЈО кои беа запрени со Мислењето на Врховниот суд иницирано од судијата Јово Вангеловски, кој важеше за судски заштитник на криминалот на ВМРО ДПМНЕ.

Затоа ги охрабруваме обвинителите сега кога се ослободени од закани и притисоци да ги завршат започнатите истраги“, соопшти Костадинов.

Исто така многу важно прашање за граѓаните и за независното постапување на јавните обвинителства е фактот дека со законот се овозможува избор на обвинители без влијание на политичари и политички партии.

Според него, со новиот закон се овозможува избор на обвинители без влијание на политичари и политички партии и нема да иманикаква скриена амнестија.

„Токму ВМРО ДПМНЕ е партијата која не сака да се соочи со фактите кои произлегуваат од Законот за јавно обвинителство затоа што целото нивно постоење и функционирање почива врз криминал и корупција. Граѓаните веќе го препознаваат дволичното однесување на Христијан Мицковски кој преку законот имаше една цел – како да се запрат истрагите и судските постапки на СЈО, а со тоа од одговорност да се амнестираат криминалците од ВМРО ДПМНЕ“, додаде Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски