(ВИДЕО) Васев: Се е исто во ВМРО-ДПМНЕ, во белиот дворец владее матрицата на Груевски, шефот на извршителот Мицкоски

Од:

„Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата партија што под режим ја држеше државата и граѓаните, партија која е симбол на криминалот и корупцијата.

Се е исто во ВМРО-ДПМНЕ. Во белиот дворец зад мене владее истата матрица на избеганиот криминалец во Будимпешта, Никола Груевски.

Одбрана на криминалот, обнова на режимот и враќање назад во изолација и неизвесност. Тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ раководена од Мицкоски, а управувана од Груевски“, вели Стефан Васев од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ со долг од 8 милиони евра се заканува дека ќе го врати назад режимот, дека ќе ги поништи договорите со Грција и Бугарија и со тоа ќе наштети на процесите на интеграција во ЕУ и НАТО.

Но тој филм Мицкоски и Груевски нема да го гледаат.

На 12 април граѓаните ќе го казнат антидржавното, антизападното и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Груевски.

На 12 април граѓаните гласно ќе порачаат: режим никогаш повеќе!“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски