HTTPS сертификатите базирани според последните ТЛС стандарди за енкрипција се грижат за вашата конекција да остане безбедна и сигурна.
Од компанијата „Apple“ најавија дека сите сертификати со валидност повеќе од 13 месеци издадени по први септември ќе бидат одбиени од нивниот пребарувач.
Тоа би значело дека кога ќе посетите веб страна со таков сертификат, вие ќе добиете предупредување за можно загрозување на вашата приватност.
За програмерите и сопствениците на веб страните ваквите промени се очекува да создадат потешкотии во управувањето со сертификатите.