А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Димитров: Нема стабилна и успешна Европа без целосна интеграција на Западниот Балкан

by А1он24/02/2020 - 12:4424/02/2020 - 12:44190
Share0

Од денешниот собир во Солун е упатена голема порака дека не може да се замисли цела, стабилна и успешна Европа без целосна интеграција на Западниот Балкан, истакна министерот за надворешни работи Никола Димитров во изјава за медиумите на маргините на конференцијата „Од Солун до Загреб“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Една голема порака, потенцираше, до остатокот на Европа – Европа цела, стабилна, успешна и во мир не може да се замисли без целосна интеграција на Западниот Балкан.

– Тоа е и повик, согласно со заклучоците од Европскиот совет минатиот октомври, да се донесат одлуки за пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија пред Самитот во Загреб, изјави Димитров по завршувањето на сесијата на солунската средба насловена „Унапредување на европската интеграција на Западен Балкан: Актуелни предизвици и перспективи“.

Димитров нагласи дека денешната министерска конференција е многу симболична, бидејќи се одржува во Солун 17 години по првиот Самит во овој град во 2003 година, кога Европа му вети на Балканот дека неговата иднина е заедно со неа во ЕУ.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Симболично е што сме во истиот град на неколку месеци пред Самитот во мај во Загреб од кој имаме големи очекувања и ова на некој начин е некој мост и важна поддршка од соседите кои се дел од ЕУ – Грција, Бугарија, Романија, Словенија, Хрватска и Италија, додаде шефот на македонската дипломатија.

Тој оцени дека денешната средба е корисна бидејќи на неа се гради чувство на заедништво во нашиот регион меѓу земјите кои веќе се членки на ЕУ и оние кои се уште не се, при што му се заблагодари на шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас за организацијата и идејата за одржување на овој состанок.

Конференцијата во Солун продолжува со работен ручек на учесниците на кој ќе се разговара на темата „Западен Балкан во Европа: Патот напред“.

eu

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 11:5826/08/2026 - 12:48

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 09:2326/08/2026 - 09:35

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Горан Наумовски21/08/2026 - 13:45

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Горан Наумовски19/08/2026 - 14:22

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски19/08/2026 - 12:21

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он17/08/2026 - 17:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео