СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ должи 8 милиони евра, тоа е партија која краде, таму ништо не се променило

Од:

„И на толку крадење криминалната партија ВМРО-ДПМНЕ е потоната во долгови. Самите си признаа дека имаат неплатен долг од фантастични осум милиони евра, направен во изминатите неколку години.

Јавното признание на висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, дека овој долг е направен главно за изборни цели, отвора сериозни сомнежи за незаконско работење на партијата на Христијан Мицкоски.

Ако е навистина така тогаш се прекршени бројни законски прописи. Впрочем, не е прв пат ВМРО-ДПМНЕ да должи пари за избори. Јавноста знае како ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски затвораа сметки за изборни кампањи со дупки од милиони евра, без никој да понесе одговорност“, велат од СДСМ.

„Неодамна финансискиот извештај на ВМРО ДПМНЕ за кандидатката Гордана Сиљановска Давкова беше затворен со долг од 400.000 евра. И за овој случај треба да има одговорни.

За време на режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, бруто надворешниот долг на државата тројно се зголеми во период од 11 години.

Ако својата партија ја задолжиле со осум милиони евра, тогаш може да се претпостави што би направиле извршителот Мицкоски и бегалецот Груевски ако повторно му се доближат државниот буџет.

Затоа граѓаните нема да им го дозволат тоа. На 12 април тие нема да дозволат извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски повторно да ја задолжуваат и ограбуваат државата.

На 12 април граѓаните јасно ќе порачаат: режим и криминал никогаш повеќе!“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски