(ВИДЕО) Локвенец: ВМРО-ДПМНЕ има долг од 8 милиони евра, граѓаните нема да им дозволат пак да ја крадат државата

Од:

„Криминалната ВМРО-ДПМНЕ самата призна дека има неплатен долг од огромни 8 милиони евра, направен во изминатите години.

Признанието на висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ дека овој долг главно е направен за изборни цели, отвора сериозни сомнежи за незаконско работење.

Ако тоа е точно тогаш се прекршени бројни законски прописи.Впрочем не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да должи пари за избори. Јавноста се сеќава како ВМРО-ДПМНЕ и Груевски затвораа сметки за изборни кампањи со дупки од милиони евра, без никој да понесе одговорност“, вели Хари Локвенец, пратеник од СДСМ.

„Како што ја задолжуваа партијата, стечајниот управник Мицкоски, диригиран од осудениот криминалец Груевски, 11 години ја задолжуваа државата и ги крадеа граѓаните.

За време на режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, бруто надворешниот долг на државава тројно се зголеми за период од 2006 година до првиот квартал од 2017 година.

Замислете, ако својата партија ја задолжиле 8 милиони евра, што би се случило кога извршителот Мицкоски и бегалецот Груевски, повторно би се доближиле до државниот буџет?!

Затоа граѓаните тоа нема да го дозволат. На 12 април граѓаните нема да дозволат извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски повторно да ја задолжуваат и ограбуваат државата.

На 12 април граѓаните јасно ќе порачаат: режим и криминал никогаш повеќе!“, изјави Хари Локвенец, пратеник од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните