Паоло Ди Канио е именуван за нов менаџер на Сандерленд, Италијанецот потпиша две ипол годишен договор.
Ди Канио кој во февруари го напушти Свиндон, го превзема кормилото на Сандерленд и го наследува Мартин Онил кој доби отказ по поразот од Манчестер Јунајтед.
Италијанскиот стратег потпиша две ипол годишен договор со Сандерленд и неговата прва задача ќе биде да избори опстанок во Премиерлигата.
На седум кола до крајот Сандерленд има само бод над зоната за испаѓање.