Илјадници луѓе во Ханау протестираа против расизмот и радикалната десница

Од:

Неколку илјади граѓани протестираа против расизмот и омразата кон странците во германскиот град Ханау каде во средата 43-годишен Германец со кненофобични и расистички ставови уби девет луѓе, и на крајот сопствената мајка и себеси.

Демонстрантите кои според полицијата биле околу 3.000 носеа транспаренти „Мора ли некој прво да биде убиен за да се преземе нешто“. Демонстрантите минаа низ целиот град при што се задржаа пред двете кафеани во кои беа убиени деветте лица со странско потекло.

Според досегашните полициски анализи, извршителот бил психички болен и имал расистички погледи. Во меѓувреме, се зголемува притисокот врз конзервативно-популистичката Алтернатива за Германија (АфД), што многумина ја обвинуваат за ширење на атмосферата што овозможува таков вид расистички злосторства.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад