Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром по шести пат го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во финалето го совладаа Куманово со 79:71.
Во првото полувреме двете екипи се менуваа во водството, а на пауза се отиде со плус 2 за МЗТ.
Аеродромци беа подобри и во второто полувреме добивајќи ги третиот и четвртиот период со 22:17 односно 20:19.
Најефикасни во победничкиот тим беа Дамјан Стојановски со 20 поени и Ѓорги Чеховски со 16.
Кај Куманово најдобар поединец беше Урош Николиќ кој реализира 22 поени додека Александар Костовски постигна 16.
Натпреварот го следеа околу четири и пол илјади гледачи и освен помали инциденти се помина во спортска атмосфера.
Во предигра на сениорското се одигра младинското финале во кое Вардар ја победи Струмица со 81:55.