ОЈО Кавадарци: Двајца осомничени за производство и продажба на дрога

Од:

Наредби за спроведување истражна постапка донесе Основното јавно обвинителство Кавадарци во два одделни предмети против две лица,  43-годишен неготинец и 30-годишен жител на с. Корешница, Демир Капија, поради основано сомнение дека го извршиле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот Законик.

При извршен претрес на дом и други простории, на 20 февруари, во домот на осомничениот неготинец се пронајдени тринаесет најлонски пакувања  наротична дрога кокаин во вкупна количина од 16,19 грама и шест најлонски пакувања наркотична дрога хероин во количина од 36,58 грама, кои осомниениот ги држел неовластено заради продажба.

Истиот ден во одделна акција при личен претрес кај жителот на Корешница се пронајдени импровизирана-цилиндер епрувета со 5,82 грама амфeтамин и 42,1 грам наркотична дрога марихуана спакувана во пет најлонски пакувања.

Јавните обвинители кои постапуваат во предметите  доставија предлози за определување на мерката притвор за осомничените, по кои судија на претходна постапка во Основниот суд Кавадарци со решенија определи притвор за секоe од лицата во траење од по 30 дена.

Би можело да ве интересира

Ја удрил со ретровизор, починала веднаш, возел со 99% слепило и без дозвола

Сопствениците на отпадот во Визбегово што се запали ќе одговараат за загрозување на животната средија

Ревизор и го положил испитот за пристап до службени тајни кои потоа му ги кажувала на обвинетиот во „Адитив“, обвинение за Димитровска

Катерина Ѓуровски

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

Откриена дилерска група, шверцувала кокаин од Холандија

Со боксови, клоци и шлаканци ги спречувле да снимаат, обвинение за брачниот пар од Вигзбегово