СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се очајни и во страв затоа што ќе одговараат, затоа шират лажни вести

Од:

„По носењето на Законот за Јавно обвинителство, стравот од одговорност за криминалите во белиот дворец кулминира

ВМРО-ДПМНЕ, извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски континуирано измислуваат и неуспешно се обидуваат да пласираат лажни вести и конструирани случаи за претседателот Заев и за членови на неговото семејство.

Ова е уште еден показател колку ВМРО-ДПМНЕ е безидејно и очајно поради неуспехот на извршителот Мицкоски да одбрани криминал.

Во отсуство на реални политики и мерки ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Христијан Мицкоски своето делување го базираат на валкана кампања, затоа што ништо друго и не знаат“, реагираат од СДСМ на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ е за правда и одговорност, ВМРО-ДПМНЕ е за амнестија на криминалците, за обнова на режимот и изолацијата.

Додека ВМРО-ДПМНЕ лаже, ние ја внесуваме државата во НАТО и ЕУ, додека од белиот дворец штанцаат лажни вести, ние зголемуваме плати, додека Мицкоски брани криминал, ние обезбедуваме правда.

ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговиот диригент од Будимпешта нема да ја вратат државата чекор назад во изолација, режим и неказнивост.

Граѓаните се цврсто определени да го казнат лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и затоа на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе!“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on