Со четири натпревари одиграни попладнево комплетирано е 22. коло во Првата македонска фудбалска лига.
На два од четирите натпревари победи остварија гостинските екипи.
Во Боговиње, екипата на Металург славеше во дуелот со Дрита со 2:1, додека во Кратово тимот на Шкендија со 3:2 го совлада Силекс.
Четири гола беа постигнати на натпреварот во Турново каде Хоризонт и Пелистер одиграа без победник 2:2, а Тетекс минимално со 1:0 го победи Напредок.
Вчера Ренова беше подобра од Работнички со 3:1, а лидерот на табелата Вардар со 3:0 ја надигра Брегалница.
Табела: Вардар 45 бодови, Хоризонт Турново 40, Металург 38, Напредок 35, Шкендија 35, Ренова 31, Работнички 30, Брегалница 28, Пелистер 25, Дрита 24, Силекс 18 и Тетекс 13. з