(ВИДЕО) Стоилковски: Русковска и Јовески да се престрашат и да ги повикаат браќата Заеви на распит

Од:

„Помина речиси цела недела, а Зоран Заев и Вице Заев молчат и не кажуваат што разговарале со обвинетата Катица Јанева и со веќе осудениот Милески-Кичевскиот.

Цела недела, Заеви бегаат од најголемата тема во државата- инволвираноста во случајот „Рекет“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев јавно ја потврди автентичноста на снимката во која признава дека го помагал со финансирање на Боки 13 и на телевизијата која што сам ја оцени како провладина.

Вчера Бојан Маричиќ, неговиот советник, јавно призна дека Заев го известил Боки 13 за тоа дека во Владата го пријавиле дека рекетира. Дури потоа за тоа дознава Вилма Русковска. Сега го охрабруваме Вице Заев да признае дека се гледал со Зоран Милески Кичеец.

Прашуваме уште еднаш, што разговарале Зоран Заев и Катица Јанева?

Што разговарале Вице Заев и Зоран Милески Кичеец во присуство на адвокат на фамилијата Заеви?

Што е договарано меѓу Вице Заев и Зоран Милески Кичеец?

Дали Вице Заев знае каде се наоѓа Луј Витон торбата полна со пари, онаа торба со која што Милески ја изнесува од домот на бизнисмен заедно со Боки 13?

Очигледно е дека Вице Заев има многу што да каже во Судница и на јавноста.

Видливи се пипците на семејството во овој најголем криминален скандал во државава.

Повторно ги охрабруваме обвинителството и Судот, ги повикуваме Русковска и Јовески да се престрашат и да ги повикаат браќата Заеви на распит.

Заев е виновен за сите измами, порази и криминали, Правдата ќе дојде по 12 април и сите кои се огрешиле пред законот ќе одговараат“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус