Магија на мраз денеска и утре во Скопје

Од:

На лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска и утре ќе се одржува четвртиот Меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice“.

Свеченото отворање е закажано за денеска во 19:15 часот со музички настап на Кристина Арнаудова и презентација на вештините на мраз на најмладите учесници на натпреварот.

Натпреварувачкиот дел стартува во 19:30 часот и тоа во категориите интерпретации А, Б и Ц (рекреативни категории), како и најмалата спортска категорија кадети Ц.

Утре, настапите почнуваат во 07:30 часот, а од 10 часот ќе настапат учесниците од земјава и од странство кои ќе се натпреваруваат во меѓународно признатите категории – младинци, јуниори и сениори.

Организатор на „Skopje on Ice“ е Федерацијата за лизгачки спортови. Влезот е слободен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шчербакова го освои златото во уметничко лизгање

А1он

ВИДЕО: Трусова направи историски подвиг, па во солзи изјави дека се откажува

А1он

ВИДЕО: Лизгачката која несакајќи ги покажа градите на последните Олимписки игри, сега освои златен медал

А1он

Поранешниот селектор на Франција во уметничко лизгање обвинет за силување на шест репрезентативки

Жарко Настоски

Скопје домаќин на меѓународен турнир во уметничко лизгање

Ана Ололовска

Во среда се отвора лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“

Ана Ололовска