Средба на претседателот Пендаровски со европратениците Чолош и Кјучук

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими пратениците во Европскиот парламент, Дачиан Чолош, претседател на парламентарната група „Renew Europe“ и Илхан Кјучук, известител за Северна Македонија и член на парламентарната група „Renew Europe“.

На средбата беа разменети мислења за аспирациите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на принципиелната поддршка од Европскиот парламент за процесот на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан и одржувањето на прашањето на агендата.

Претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето на државата дека новата методологија за водење на пристапните преговори ќе биде усвоена во текот на март, со што би се отворила можноста за отворање на пристапните преговори за членство во текот на хрватското претседателство со Унијата.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните случувања во Република Северна Македонија, во пресрет на предвремените парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски